(ВИДЕО) СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО ЛУЗИЈАНА: Шест мртви, 20 000 евакуирани-како се справуваат Американците?
Објавено во: Свет 16 Август, 2016
Лузијана веќе петти ден се бори со катастрофалните поплави, кои во таа американска држава однесоа шест животи, додека илјадници луѓе биле приморани да побараат засолниште пред водената стихија после повеќе дневни поројни дождови.
Повеќе од 20 000 луѓе се евакуирани од своите домови, соопштија надлежните во таа област, откако дождовите од четрвртокот вечерта предизвикале поплави во поголем дел од јужна Лузијана.
Портпаролката на гувернерот на Лузијана Шона Санфорд вели дека шест лица загинале во поплавите, а околу 40 000 куќи и локали останале без струја.
Белата куќа четрвртиот округ го прогласи за област погодена од големи катастрофи.
„Очекувам дека уште окрузи ќе бидат додадени на таа листа“, рекол гувернерот на Лузијана Џон Бел Едвардс, додавајќи дека поплавите кои ја погодиле неговата држава се „без преседан“.
Американските медиуми известија дека водата почнала да се повлекува во некои области, но од друга страна водата надоаѓа во други зони, наведува франуската агенција Франс прес.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ygjG1_QJTDs[/embed]Националната метеоролошка служба и денес изададе предупредување на поплави, соопштувајќи дека водата во многу области нема да се повлече барем уште еден ден.
Оваа недела поплави им се закануваат и на други подрајча во САД-од брегот на Тексас до долината на реката Охаја.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/6zPSCub_tVk[/embed]