(ВИДЕО) Тајфунот Марија погоди уште една земја
Објавено во: Свет 12 Јули, 2018
Тајфунот Марија кој претходно направи пустош на јапонскиот брег, сега пустоши и низ провинцијата Фуџијан во Кина.
Тој предизвика бранови високи над пет метри особено ги погоди крајбрежните области. Уништени се куќи, а има и оштетувања на електричната мрежа. Но, тајфунот го смени правецот и немаше повредени или жртви.
Кинезите велат дека станува збор за тајфун кој ќе донесе 400 до 500 мм воден талог, три пати помалку отколку што се очекува од тајфун од оваа категорија. Тој е оценет како тајфун од петта категорија.