ВИДЕО: Taјфунот Сарика „удри“ во Кина, луѓето се евакуираат
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Половина милион луѓе се евакуирани во Кина поради тајфунот Сарика.
Стихијата „удри“ во јужната провинција Хаинан со ветрови со брзина над 160 км / ч. На места беа регистрирани над 300 литри на метар квадратен дожд.
Беше прогласен неработен ден како за училишта, така и за градинките. Продавниците и туристичките објекти останаа затворени. На многу места во прекин е и електричната енергија, а улиците и патиштата останаа под половина метар вода