04 Мај, 2024
0.1003

(ВИДЕО) ТИЕ ЈА ПРЕЖИВЕАЛЕ АПОКАЛИПСАТА ВО ГРЦИЈА, А ОВА ГО СВЕДОЧАТ: Видовме пеколни сцени

Објавено во: Свет 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Жителите од регионот Атика кој речиси го проголта огнена стихија го опишале ужасени  како боси само во долна облека бегале за да се спасат од пожарот кој голтал се пред себе во овој дел на Грција.

Зад нив останал само пепел и морничави слики на деца и луѓе кои гореле и на кои им немало спас.

Грчкиот сајт Прототема објави страшни сведочења на преживеани од местото Неа Вуја. Покрај тоа што во пожарот изгубиле се што имале, останале без домовите, гледале како луѓето им умираат пред очи додека се обидувале да избегаат од разбеснатиот оган.

Оние кои имале среќа да преживеат, меѓу кои имало и постари луѓе, избегале во последен момент на сигурно.

Мајки со деца во раце трчале кон плажа, со надеж дека таму ќе пронајдат засолниште од пламените. Некои успеале да преживеат, а некои не. Една мештанка никогаш нема да ја заборави сликата на девојче кое горело пред нејзини очи.


-Слушнав како некој вика помош, се свртев и видов девојче од 15 години како целата гори. Трчаше кон морето и скокна од висина од 15 метри како се спасила. За жал не успеала. Само го видов чадот кој го прекрил небото зад неа“, опишала таа.

Друг преживеан изјавил дека него и неговото семејство „ги бркал оган“ и дека се спасиле со скокање во море.

-Пламенот веќе ни ги зафати рамениците пред да скокнеме во море. Си реков самиот на себе мораме да избегаме ако мислиме да останеме живи-рекол Костас Лаганос.

Кога видела дека огнот се доближува до нејзината куќа, една мајка ги зграбила двете деца од три и шест години, и сама во долна облека и папучи трчала кон плажата.

-Додека ги носела во раце, одела преку оган и пепел, додека нозете и гореле. Успеале да стигнат до водата и да го изгаси огнот од нозете, цело време држејќи ги децата цврсто во раце како не би паднале во море-раскажала една од преживеаните.


Грчкиот сајт Прототема пренесува како илјадници луѓе избегале во пристаништето од пожарот, каде чекале помош подолго од два часа. Кога помошта конечно стигнала околу 2 часа по полноќ, веќе било доцна....

Волонтерот Никос Манесис видел страшна сцена во која луѓе гореле заглавени во  коли а единствено што им преостанало било да се прегрнат. Тој поставил фотографија од местото каде ја видел таа страшна глетка.

Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)