(ВИДЕО) ТОП 10 НАЈОПАСНИ: Од овие аеродроми не би сакале да полетате никогаш
Објавено во: Свет 11 Септември, 2018
Ширум светот постојат аеродроми кои се исклучително опасни.
Авионите треба да прелетуваат ниско над населени места, пистите се со снег или пак патеките едноставно завршуваат со огромни бездни.
Погледнете ја листата каде се наоѓаат топ 10 најопасни аеродроми.
Меѓународниот аеродром, ГибралтарВажен автопат поминува на патеката на аеродромот. Црвено светло ги запира автомобилите, кога се приземјуваат или полетуваат авионите.
Аеродром Каи Так, Хонг Конг
Овој аеродром веќе не се користи, но додека бил во употреба авионите требало да прелетуваат исклучително близу до зградите.
Аеродром Паро, Бутан
Се наоѓа на голема височина, а и патеката е многу кратка.
Воздушна станица, Антарктик
Замрзнатата писта бара ексклузивно искуство.
Меѓународниот аеродром Тонконтин, Хондурас
И покрај тоа што ги држи челните позиции во листите за најопасни аеродроми, меѓународниот аеродром станува се по зафатен.
Аеродром Агата, Лакшадвип, Индија
Исклучително опасен аеродром, каде една грешка може да доведе до катастрофа во морето.
Аеродромот Хуанчо Ираускин, Саба остров
Овој аеродром е со една од најкратките патеки на светот.3. Аеродром Лукла, Непал
Крајот на патеката е 2 километарска провалија.
Аеродромот Скиатос, Грција
Авионите прелетуваат многу блиску до луѓето.
Аеродром Принцезата Џулијана, остров Св. Мартин
Таму авионите летаат точно над плажа. Глетката е импресивна.