(ВИДЕО) ТРАМП НАИДЕ НА ПОСИЛЕН ОД СЕБЕ: Макрон го совлада и сите зборуваат за тоа
Објавено во: Свет 26 Мај, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп кој е познат по тоа што се ракува цврсто, наиде во Брисел на конкурент кој го прави истото, а тоа е францускиот претседател, Емануел Макрон.
Тие цврсто се ракуваа така што делови од рацете им побелеа. Судејќи по фотографиите победник во овој дуел е францускиот претседател Макрон.
Трамп прв се предаде и ја повлече раката.
Медиумите пишуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел, претходно не се ракувала со Трамп. Повеќе политичари досега се видело дека не можат да издржат да се ракуваат со Трамп и се повлекуваат.