(ВИДЕО) Триесетина торнада опустошија една земја
Објавено во: Свет 24 Јули, 2018
Во американската држава Ајова се забележани 27 торнада.
Седум лица се повредени и причинета е голема материјална штета во градот Пела кој е оддалечен околу 60 километри од главниот град Де мојн.
Голем дел од Ајова е без електрична енергија, а телекомуникациите се ограничени само на итни повици. Во најтешко погодените области прогласена е вонредна состојба.
Торнадата ги подигале покривите, откорнувале дрвја и ги превртувале возилата.