(ВИДЕО) УКРАИНА СО ДРОНОВИ ЈА НАПАДНА МОСКВА: Има две жртви и дваесетина повредени

Објавено во: Свет 11 Март, 2025 15:24
Двajца луѓе загинаа денеска во најголемиот украински напад со дронови на Москва. Има и 18 повредени. Настанал и пожар на паркинг, по што 20 возила изгореле. На ова место паднале остатоци од дронови.
Ова е најголем напад до дронови откако почна војната пред три години. Руското Министерство за одбрана објави дека 337 беспилотни летала се лансирани во Русија во текот на ноќта во понеделникот, вклучително и 91 насочена кон московскиот регион, при што загинаа две лица, предизвикаа пожари и ги прекинаа летовите и железничките услуги.
Висок украински функционер во Украина во вторникот изјави дека нападот со дронови извршен врз московскиот регион треба да го охрабри претседателот Владимир Путин да го прифати воздушниот прекин на огнот предложен од Киев.
„Најголемиот напад со беспилотни летала во историјата беше извршен врз Москва и Московскиот регион“, рече Андриј Коваленко, претставник на Советот за национална безбедност одговорен за борба со дезинформации.
Руската авијација соопшти дека летовите се суспендирани на сите четири аеродроми во Москва. Затворени се и два други аеродроми, во регионите Јарослав и Нижни Новгород источно од Москва. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Во Саудиска Арабија денеска украинските и американските власти ќе разговараат за мир во Украина.
фото АФП
Можеби ќе ве интересира
ТЕШКО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА СИТЕ ДРУГИ: Американската војска ги покажа борбените авиони на иднината

ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

TРАМП ГО СМЕНИ СТАВОТ: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

УКРАИНА ДЕМАНТИРА: Не е точно дека Суџа е во руски раце, се водат борби

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

СЕ ЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе ги признаат окупираните територии како руски?

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град
