(ВИДЕО) Украинците реагираа откако Путин со воз помина по мостот на раздорот
Објавено во: Свет 24 Декември, 2019
Рускиот претседател, Владимир Путин се возеше со воз преку мостот на Крим.
Путин помина преку мостот над преминот Керч во кабината на локомотивата.
Тој изјави дека отворањето на железничката линија на двојниот мост ќе влијае на домашната економија.
Путин лани отвори патна делница на Кримскиот мост со четири ленти.
Изградбата на мостот започна во февруари 2016 година.
Министерството за надворешни работи на Украина изрази протест.
Додаваат дека Путин ја посетил привремено окупираната Автономна Република Крим и го отворил за сообраќај мостот низ Керченскиот теснец кој, како што наведуваат, руската страна го изградила без согласност на Украина. Велат дека тоа го направил грубо кршејќи го меѓународното право, вклучувајќи ја Конвенцијата на ОН за поморско право.
Кримскиот мост е најдолгиот во Европа.