Видео: Украински парламентарци се испотепаа по ТВ дебата
Објавено во: Свет 23 Септември, 2016
Владимир Парасјук е украински парламентарец кој по промената на режимот на Јанукович редовно ги користи своите боксерски вештини во украинската Рада, а најомразени му се проруските пратеници.
Така беше и по дебатата на канал 112 кога по завршувањето на емисијата го начека својот противник Александар Вилкул од проруските партии со кого се испотепаа. Судирот не завршил тука и потоа му го демолирал и автомобилот.
За среќа Вилкул имаше придружба од повеќе бодигарди кои го одбранија од нападите, а и самиот размени неколку тупаници со жестокиот Парасјук.