30 Април, 2024
0.0349

(ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ПЕШТЕРАТА КАДЕ СЕ ЗАГЛАВЕНИ МОМЧИЊАТА НА ТАЈЛАНД: Тешко неверојатно да се извлечат

Објавено во: Свет 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Веќе десетина дена спасувачи и нуркачи од цел свет се борат на слобода да извлечат момчињата од пештерата во Тајланд.

12 момчиња и нивниот фудбалски тренер се заробени со денови во пештерата а моментално се опоравуваат, наведуваат претставници кои уште анализираат кој е најбезбеден начин тие да се изведат надвор а во опција е и нуркање.

Во меѓувреме сите се прашуваат каква пештера е тоа и зошто нивното извлекување е толку тешка работа.


Имено, мрежата на премини во пештерата е долга 9 км, а момчињата се заробени некаде на 1,5 км далеку од влезот. Внатре е студено, мрачно, а времето само тече.

Како што може да се види на дијаграмот кој го направил СиЕнЕн, момчињата со тренерот после влезот во пештерата морале да одат низбрдо и низбрдо додека не дошле до eден залив. Меѓутоа, како што почнале силни дождови бидејќи е во тек сезона на монсуни, останале заробени.


Овој дијаграм е само хипотетички приказ како би можела да изгледа внатрешноста на пештерата, а изгледа теренот е уште посуров бидејќи на нуркачите им требало многу време за да го преминат тој километар. Дури после десет дена наишле на момчињата и нивниот тренер, што само по себе било чудо. Инаку, на нуркачите им требаат 4 часа од влезот на пештерата да дојдат до изгубениот тим. Она што следи ќе биде вистинско херојство бидејќи никој не знае за сигурно како да ги извлечат надвор.


Една од можните опции која најчесто се споменуваше досега е момчињата да се обучат за нуркање. За жал, ниту едно од нив не знае да плива, па покрај суровоста на теренот, тоа претставува голем проблем.

Водата не е проѕирна, едвај се гледа нешто, а струите се силни. Исто така тој предел е препол со силни премини што во секој момнет може да предизвика голема паника во текот на акциите на спасување.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург