(ВИДЕО) ВЕЛАТ ОВА ЌЕ БИДЕ КОШМАР: Курдите им се заканија со герилска војна на Турците
Објавено во: Свет 18 Март, 2018
Сириско-курдскиот функционер Отман Шеик Иса изјави дека судирот со Турција во сириската провинција Африн сега е во „нова фаза“, и дека курдските сили ќе преминат на герилска војна.
„Турската окупација ќе се промени од директно соочување до герилско војјување со „удри и бегај“ тактики, сѐ додека Африн не биде ослободен. Нашата војска ќе биде нивен постојан кошмар“- рече Иса на конференција за новинарите, пренесува Асошиејтед прес.
Турските власти денеска соопштија дека по скоро два месеци откако ја почна офанзивата нејзината војска влезе во градот Африн. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека центарот на сирискиот град Африн веќе е целосно под контрола на сириските борци поддржани од Анкара, откако курдските Сили за заштита на народот се повлекле. Турскoто знаме беше подигнато во северениот сириски град. Десетици илјади цивили избегаа поради турските напади. 280 цивили биле убиени, но Анкара ги негира тие информации.