(ВИДЕО) Вицепремиерот Груби го покажа својот автомобил од 1.000 евра
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Првиот вицепремиер Артан Груби пред камерата на Алфа телевизија го покажа автомобилот кој го има наведено во анкетниот лист.
„На мое име е, но ја вози татко ми“, вели Груби во разговор со новинарот.
Тој дури и му понуди и помош на новинарот за купување на половни возила од негови пријатели.
„Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет“, додаде Груби.Деновиве беше опожарено возило на Груби, тој се извини на соседите, но автомобилот во полиција се водеше на лице со други иницијали. Оттогаш јавноста бара одговори од Груби, дали криел возило, затоа што Ауди не било пријавено во анкетниот лист.