(ВИДЕО) Возила уништени од град со големина на тениско топче
Објавено во: Свет 22 Март, 2018
Поради град со големина на тениско топче, оштетени се автомобили во Алабама.
Врз стотици паркирани автомобили марка Chevrolet, почнал да паѓа град со димензии на тениско топче и направил штета од четири милиони долари на трговците со автомобили.
Град паѓал дваесеттина минути, а од јачината на ударите пукале и стаклата на паркираните возила.
Штетата ќе се поправи, но тоа нема да чини евтино.