09 Октомври, 2024
0.0304

(ВИДЕО) ЗАБРАНА ВО ЕВРОПА: Кои имиња родителите не смеат да им ги даваат на своите деца?

Објавено во: Стил 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Постојат матични служби во Европа кои не им дозволуваат на родителите на децата да им даваат одредени имиња кои би предизвикале понатамошно потсмевање, навредување или понижување. 

Во Франција на пример, забранети се: Принц Вилијам, Нутела, Мини Купер. Доколку се појави некое име за кое постои сомнеж дека не е соодветно, матичните куќи тоа го даваат на надлежните судови да одлучат. 

Кај швеѓаните не смеат да се даваат овие имиња: Металика, Икеа, Супермен. 

Ригорозни се и германците. Децата не смеат да носат унисекс имиња или имиња на познати прозводи. Меѓу забранетите имиња се: Адолф Хитлер, Осама бин Ладен, Мати.

Данците пак, имаат листа со одбрени имиња и тоа околу 4000 женски и 3000 машки.