18 Мај, 2024
0.0292

(ВИДЕО) ЗБОГУМ ЛЕГЕНДО: 10 Најдобри песни со кои растевме и сакавме!

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Сараевскиот кантавтор Кемал Монтено починал денес во Загреб во 67 -та година. Како повеќегодишен дијабетичар, Монтено во почетокот на јануари оваа година беше примен во болницата „Ребро“ во загреб поради компликации после трансплантација на бубергот која во ноември минатата година била извршена во таа болница.

Кемал Монтено е роден во Сараево, на 17 септември 1948. Богатата и успешна кариера ја започнал со настап на фестивалот „Vaš šlager sezone“ во 1967 година со сопствена песна „Лидија“. Монтено бил миленик на фестивалската публика во Сараево, каде редовно добивал први награди како изведувач, автор на музика и текст.

Од 1969 до 2014 година Монтено објавил четириесет авторски грамофонски плочи и албуми. Монтено со сопругата Бранка се запознал во 1967 година во Сараево, се венчале и после четири години подоцна имале и две деца. Таткото на Кемал Освалдо Монтено бил Италијанец кој во текот на Втората светска војна бил испратен да се бори во Југославија, а мајка му била Сараевка, Бахрија. Освално и Бахрија на Кемал додека бил дете, му пееле песни секој на свој јазик

Ова се 10 негови најдобри песни: