(ВИДЕО) Зошто австралиски сенатор доби јајце во глава?
Објавено во: Свет 16 Март, 2019
Австралискиот сенатор, Фрејзер Анинг го шокираше светот со својата изјава обвинувајќи ги муслиманските имигранти за масакрот во Нов Зеланд.
Како што изјави, тој нападот е резултат на стравот од муслиманите, страв кој се повеќе расте во овие две земји. Тој е противник на имиграциските политики.
„Вистинската причина за крвопролевањето на улиците во Нов Зеланд е имиграционата програма која им овозможува на муслиманските фанатици да се доселат“, изјави 69-годишниот Анинг.
Тој денеска повторно го коментираше нападот, но овој пат доби јајце во глава од тинејџер.
Сенаторот го нападна момчето, по што мораа да интервенираат луѓе од страна.
Напаѓач вчера во две џамии уби 49 луѓе, и рани 20. Тој сакал да се одмазди за убиство на девојче во Стокхолм, кое го извршил исламист, а за себе навел дека е расист.