01 Мај, 2024
0.0261

(ВИДЕО18+) ОТКРИЕНО ЗОШТО МОМЧИЊАТА ВЛЕГЛЕ ВО ПОПЛАВЕНА ПЕШТЕРА ВО ТАЈЛАНД: Што ги натерало да се засолнат таму ?

Објавено во: Свет 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Тајландските морнарички фоки соопштиле дека сите 13 членови на младиот фудбалски тим, кои се заглавени во пештерата на северот од Тајланд поради поплавите, се здрави и дека за нив се грижат лекари.

Во соопштението се наведува дека седум членови на морнаричките фоки им пружиле на децата и нивниот тренер засолниште поради поплавите.

Еден од странските спасувачи кои им помага на тајландските колеги Британецот Бен Рејменантс, објаснил за британските медиуми, дека децата и нивниот тренер „влегле внатре и се обиделе да дојдат до крајот на тунелот во некој вид на иницијатива за локални момчиња, која подразбира да се потпишат на ѕидот на крај на тунелот и потоа да се вратат назад.“

Како се наведува, спасувачките служби се обидуваат да ја испумпаат водата од поплавената пештера Там Луанг Нанг Нон, но се во голем проблем со времето, бидејќи иако монсунските дождови моментално се запрени, метеоролозите прогнозираат дека наскоро ќе продоложат што значи дека нивото на водата повторно ќе се подигне и дека децата и нивниот тренер можеби ќе мора да останат под земја уште четири месеци додека сезоната на монсуни не заврши.

Алтернатива е децата и тренерот да препливаат, односно да нуркаат четири километри долг пат од комората во која се засолниле од водата до влезот при што спасувачите би ги воделе и би им дале нуркачка опрема.


Меѓутоа, таа опција е опасна од две причини - првата е што децата воопшто не знаат да пливаат ниту да нуркаат, поради што постои ризик да се удават, а другата е тоа што патот низ тесни, мрачни и поплавени пештерски премини е исклучително тежок, дури и за професионални нуркачи.

Момчињата и нивниот тренер се пронајдени живи во пештерата на Тајланд, девет дена откако во неа исчезнаа по поплави, исцрпени бидејќи имале помали повреди, а преживеале така што пиеле вода која капела од карпите.

Спасувачките тимови на Тајланд во понделникот пронајдоа 12 момчиња, од 11 до 16 годишна возраст, и нивниот 25 годишен фудбалски тренер, кои на 23 јуни влегле во пештерата Там Луанг.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург