(ВИДЕО+ФОТО) ПОТОП: Вода влегува во куќите, луѓето немоќни
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2018
Шпанија се соочува со сериозни поплави.
На телевизиските снимки се гледа како водата навлегува во куќите, на улиците и мостовите во јужната провинција Малага.
Обилните дождови кои ја зафатија јужна Шпанија, донесоа поплави, при што вчера загина еден пожарникар - спасувач.
Службата за вонредни ситуации во јужниот регион на Андалузија соопштија дека пожарникарот исчезнал кога камионот му се превртел на поплавениот пат.
Неговото тело е пронајдено по пребарувањето.
Шпанската метеролошка служба издаде црвено предупредување за тоа подрачје.