(ВИДЕО+ФОТО) Земјотреси ги погодија Грција и Романија
Објавено во: Балкан 28 Декември, 2016
Умерени земјотреси ноќеска имало во јужна Грција и во Романија, од кои вториот бил почуствуван и во делови од Бугарија, Молдавија и севрозападна Турција.
Од Институтот за геодинамија при Атинската опсерваторија, велат дека имало земјотрес со интензитет од 4,5 степни според Рихтеровата и бил регистриан доцна синоќа во реонот на полуосторвот Пелопонез.
Епицентарот на потресот бил во Средоземното Море источно од областа Лаконија, на длабочина од 10 километри под морското дно.
Европскиот сеизмолоки центар соопшти и дека ноќека 21 минута по полноќ, земјотрес со интензитет од 5.6 степени според Рихтеровата скала, бил регистиран и во романскиот регион Вранча.
Епицентарот бил во реонот на градот Фокшани на 147 километри северно од Букурешт, на длабочина од 98 километри под површината на земјата.
Романскиот сеизмолошки институт меѓутоа соопшти дека јачината на потресот била 5,2 степени според Рихтер. Сепак, нема инфромации за жртви или предизвикани материјални штети.
Земјотреси денеска имало во Турција и северен Иран.