18 Мај, 2024
0.0302

„Виталиа“ бесплатно ќе доставува здрава храна за лица над 60 години

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Актуелната пандемија на коронавирусот направи сериозни пореметувања во секојдневието, а со цел да се спречи ширењето, потребна е сериозна посветеност од сите чинители во општеството, вклучително и од компаниите. „Виталиа“,како бренд кој се грижи за своите потрошувачи и околината, во следниот период бесплатно ќе доставува здрава храна за лицата над 60 години.

- Критичните периоди во општеството бараат од секого од нас да вложи дополнителен напор и енергија за да им помогне на тие што најмногу им е потребно, односно на најранливите категории. Во случајот со коронавирусот, постарите лица, особено тие над 60 години, треба да внимаваат на своето здравје и да направат сѐ што е во нивна моќ за да го зајакнат имунитетот. Несомнено, и целата заедница, вклучително и помладите генерации, треба да покажат повеќе грижа за своите повозрасни сограѓани, без разлика дали се во прашање најблиските од семејството или соседите - истакнуваат од „Виталиа“.


Со цел да им го олесни пристапот до здрава храна, компанијата во периодот што следува бесплатно ќе ја доставува до сите што имаат 60 и повеќе години. Нарачките ќе може да се реализираатпреку онлајн-продавницата https://www.vitalia.com.mk/mk/products-filter-pageили телефонски, на бројот 02 3217 177. Доставата ќе биде на товар на компанијата, а плаќањето ќе може да се изврши со картичка или во готово. Целата територија на земјата е опфатена со бесплатната достава.

„Виталиа“, меѓудругото, освен што има за цел да им помогне на најранливите категории, со својот чекор се надева дека ќе внесе поттик и кај другите компании, кои можат да превземат сопствени иницијативи за да обезбедат поддршка на тие што им е најпотребна во актуелниот кризен период.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата