26 Април, 2024
0.0352

„Витаминка“ за 7,3 милиони евра го купува имотот од штипски „Брилијант“

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Прилепска „Витаминка“ најголемата домашна прехранбена индустрија одлучи да вложи да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во  права од индустриска сопственост кои ќе ги купи од „Комерцијална банка“, а му припаѓале на штипски „Брилијант“ компанија што произведуваше масло за јадење, дознава „ФАКТОР“ 

Прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ планира да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, подвижни ствари и за пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и иднустриски дизајн). Станува збор за купување недвижен имот со површина од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри. Локацијата на која се наоѓа недвижниот имот и стварите се имотни листови во катастарската општина Штип 1. Целиот овој недвижен имот, движните ствари и правата од индустриска сопственост сега се во во сопственост на „Комерцијална банка“ која ги добила како обезбедување на невратен заем.

На претстојното акционерско собрание на „Витаминка“ закажано за 14 март на дневен ред ќе бидат ставени две предлог одлуки. Во едната од нив е содржан начинот на финансирање на предлогот за купување на имотот во Штип. Тоа ќе се реализира преку одобрување на долгорочен заем од „Комерцијална банка“ во вредност од 5,3 милиони евра и задолжување со рамковен револвинг кредит во НЛБ Банка на износ од 3 милиони евра наменет за тековно финансирање на друштвото. Токму за тоа се и двете предлог одлуки: едната е за одобрување на одлуката на органот на управување за одобрување на голема зделка и другата е за одобрување на голема зделка.

Во образложението на Одборот на директори кој се дава до акционерското Собрание пред одобрување на оваа зделка пишува (цитираме): На основа на утврдената деловна политика и политиката за среднорочен и долгорочен развој на П.И.„Витаминка“ АД Прилеп, се актуелизираше потребата за обезбедување дополнителни средства за финансирање на инвестициите во Друштвото поврзани со модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството и развој на нова група на производи. Оваа зделка се оправдува со зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Р Македонија и е во насока на зголемување на вкупниот приход на Друштвото. 

Со оглед на тоа дека тројца членови на семејството Наумоски контролира 42,5 отсто од акциите со право на глас во „Витаминка“ може да се очекува дека е речиси извесен позитивниот исход по предлозите на претстојното гласање закажано за 14 март годинава.

Р..Ф

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра