Добивај вести на Viber
Од почетокот на можноста за бесплатно користење на услугите на железницата, оваа можност досега ја искористиле 1.500 стари лица и 3.500 студенти, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Според него, Владата е задоволна од досегашната искористеност на оваа мерка.
„Да ги потсетиме сите засегнати граѓани дека следниот викенд, односно деновите петок, сабота и недела- 8, 9 и 10.август е период во којшто сите повозрасни лица односно жени над 62 и мажи на 64 години ќе може бесплатно да го користат железничкиот превоз во внатрешниот промет на сите линии што ги овозможува Македонски железници“, истакна Ѓорѓиев.
За искористување на оваа можност, старите лица треба на благајните на железничките станици да прикажат документ за самоидентификација, лична карта или пасош, при што добиваат билет во којшто е вклучено и самото осигурување. Во помалите места, каде што на самите железнички станици не постојат благајни, патниците треба по качувањето во возовите да прикажат личен документ за идентификација на кондуктерот.