16 Јануари, 2025
0.0273

ВЛАДА: 14 нови или проширени градинки во Македонија до крајот на годината

Објавено во: Македонија 13 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупно 14 детски градинки ќе бидат отворени или проширени во Македонија до крајот на годината, најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Според плановите, градинките во 13 општини се поделени во три групи на објекти. Првата група е објекти кои ќе бидат новоизградени и во нив ќе се одвива дејност згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, втората група на објекти значи проширување на капацитетите на веќе постоечките објекти на детски градинки со цел овозможување на услови за опфат на поголем број на дечиња, и третата група на објекти за детски градинки, претставува отворање на детска градинка во веќе постоечки објекти од дејноста образование или култура при што се врши градежна интервенција, реновирање и адаптација на просторот и негово опремување со цел да бидат задоволени законските услови за овозможување на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и зголемен опфат на деца за таа намена. „Дел од овие објекти се градат, адаптираат, реновираат и отвораат со финансирање од страна на централната власт, а дел во соработка на централната власт и општините, при што во определени случаи централната власт го финансира најчесто опремувањето или пак дел од градежните работи“, вели Ѓорѓиев. Според Владата, сите овие објекти во кои ќе се отворат детски градинки ќе ги исполнуваат високите стандарди и законски услови за реализација на дејноста. Владата на Република Македонија за отворање на овие 14 објекти ќе финансира 58 милиони денари, а со отворањето на овие објекти капацитетот на детските градинки во земјата ќе биде зголемен за околу 750 места. „Она што е особено битно да се акцентира е дека дел од овие детски градинки кои ќе бидат отворени претставуваат градинки кои ќе се отворат во населени места во кои досега воопшто немало градинка. Во минатото заради таквите услови, родителите биле приморани да ги носат своите дечиња во градинки во населени места кои се на оддалеченост и до 10 или 15 километри од местото во кое живеат. Сега со отворањето на овие градинки во овие места родителите ќе добијат на заштеда на време и средства, а децата ќе може да се социјализираат во местото во кое што живеат што од социолошки и едукативен аспект дава позитивни ефекти“, вели Ѓорѓиев. Владата најавува дека согласно програмата годишно ќе отвара по 10 нови градинки во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби