19 Мај, 2024
0.0296

Влада: Ги продаваме акциите на Кирил Кочевски, поранешниот директор на АД Славија

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со информација дека Агенцијата за управување со одземен имот ја известила берзата дека се откажува продажбата на акциите на АД Славија, со демант излезе Владата.

Од таму велат дека продажбата е привремено запрена од поранешниот директор и поранешен сопственик на акциите на АД Славија што сега се нудат на продажба - Кирил Кочевски, поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност морал да постапи.


„Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот.

Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции“, објасни Владата.

Кочевски во 2007 доби казна затвор во траење од шест години за незаконска приватизација на АД Славија, а судот нареди да му се конфискува имот вреден милион и шесто илјади евра. Во обвинението е наведено дека Кочовски како в.д. директор на АД “Славија” од 2000 до 2002 година незаконски прибавил 97.612.997 денари, а останатите обвинети во процесот му помагале.

ВМРО-ДПМНЕ останујва на проценката дека имотот на АД Славија, која патем има големи долгови, вреди околу 20 милиони евра и дека тамошните вработени не сакаат да се продава претпријатието. Арсовски побара оставка од Фатон Асани, директорот на Агенција за управување со одземен имот.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево