30 Април, 2024
0.0272

Владата убедува дека мерките даваат резултати, мајската плата поголема за 7,1 отсто

Објавено во: Економија 21 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

 Растот на платите е, и останува, приоритет на Владата на Република Македонија. Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 отсто во однос на истиот месец претходната година. Таа сега изнесува 24.509 денари и е повисока за 1.600 денари на годишно ниво, велат од Владата откако вчера Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната плата и посочуваат дека тоа е резултат на мерките што се преземаат. 

Во денешното соопштение од владината прес-служба се посочува дека растот на платите е повторно силен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа.

- Во производството на текстил зголемувањето на платите е 2.670 денари на годишно ниво, во производство на облека 1.764 денари, а кај производство на кожа на годишно ниво платата пораснала за 1.802 денари, информираат од Владата.

Оттаму нагласуваат и дека во мај 2018 година има значаен раст и на платите во другите дејности како што се финансиите и осигурувањето, и информатичката и комуникациската дејност.

- Владата на РМ останува посветена на растот на платите. Продолжуваме со реализацијата на пакетот мерки за тоа оваа намена. Освен зголемувањето на минималната плата, во Собранието на Република Македонија веќе се поднесени законски измени кои ќе обезбедат поддршка за раст на платите кои се повисоки од минималната плата, се вели во соопштението.

Во него се додава и дека особено внимание се посветува и преку активните мерки за вработување, и особено со поддршка на инвестициите кои обезбедуваат фер плата за вработените.


Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година