26 Април, 2024
0.0284

Владата го објави повикот за пријавување до надворешни експерти за преговори со ЕУ

Објавено во: Економија 23 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Владата објави јавен повик за пријавување на надворешни експерти кои можат да помогнат во процесот на објаснувачки скрининг и процесот на преговори за пристапување на Македонија кон Европската унија. Пријавувањето е до 10 октомври.

Целта на овој повик е да се создаде официјален регистар на стручњаци на кои Владата ќе може да смета во текот на скринингот и процесот на преговори за пристапување и кои ќе може да ги ангажира повремено, привремено или постојано, на пократок или подолг рок.

Сите заинтересирани лица можат да се пријават за едно или повеќе поглавја од правото на ЕУ, односно подрачја, теми и поттеми во рамки на поглавјата од правото на ЕУ.

Се работи за 33 поглавја од кое секое покрива специфична област на политики и за кое се преговара посебно. Преговорите помагаат државата-кандидат да се подготви за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ. Тие исто така ѝ помагаат на ЕУ да се подготви за проширувањето во однос на капацитетот за интеграција.

Предмет на преговорите се само условите и временската рамка за прифаќање, имплементација и спроведување на севкупното ЕУ законодавство (acquis) од страна на државата-кандидат. Исто така во текот на пристапните преговори се дискутира и за: финансиски спогодби (на пр. колку новата држава членка ќе контрибуира, односно користи средства од буџетот на ЕУ, во форма на трансфери), како и преодни аранжмани.

Европската комисија спроведува детално испитување заедно со државата-кандидат за секоја област на политика (поглавје), со цел да одреди колку добро е подготвена државата, а во игра се и преговарачки позиции за затворање на поглавјата.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија