Владата го усвои Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенцијa
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на својот Твитер профил соопшти дека на денешната 41. седница на Владата е усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција.
Со ратификацијата на Истанбулската конвенција, од државата се очекува да воспостави правен и институционален систем кој ќе обезбеди превенција, заштита на жртвите на родово базирано насилство и прогон на сторителите.
Прочитајте повеќе на Женски магазин, овде.