16 Февруари, 2020
0.0157

Владата ќе им простува камати и ќе им репрограмира долгови на јавните претпријатија

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2020

Владата повторно ги спасува од долгови јавните претпријатија. 

Откако тоа беше направено во неколку наврати досега во изминатите години, сега повторно се турка закон со кој ќе им се отпишат каматите и ќе им се репрограмираат долговите и трошоците на јавните претпријатија кои се основани од општините.

Всушност, овој закон практично оди во пакет со оној со кој ќе им се простуваат каматите и ќе се овозможи плаќање на рати на долговите на граѓаните, кои заглавија по судови и извршители, заради стари обврски натрупани пред години. 

Во среда, на собраниската Комисија за финансирање и буџет, овие два закони ќе се најдат на второ читање, и бидејќи одат по скратена постапка, се очекува дека ќе бидат изгласани и на пленарна собраниска седница до 12 февруари, додека не се распушти законодавниот дом. 

Од Владата, која е предлагач на законот, навеле дека тој се носи со цел јавните претпријатија да се ослободат од долговите кои ги презеле од општините од кои се формирани, бидејќи со толку високи должнички товари и камати тие не можеле нормално да функционираат и да се развиваат. 

„Донесувањето на овој закон произлегува од потребата за надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено долговите преземени од страна на општините како нивни основачи, кои го доведуваат во особено отежнати услови нивното нормално финансиско работење и реализација на развојните активности. Проблемот се должи на огромниот износ на средства во рамки на утврдениот долг кои се по основ на камати на јавните претпријатија кон државните органи и институции и установи основани од Републиката“, се вели во образложението.

Законот ќе се однесува на долгови кои настанале од предмети поднесени за извршување пред извршителите и Управата за јавни приходи заклучно со 31 декември 2017 година. Се тврди дека станува збор за еднократна помош што ќе им се даде на јавните претпријатија.

Не се знае колкава сума на пари ќе им биде простена на јавните претпријатија.

Законот се однесува само за државни доверители, а како јавни органи кои ќе мораат задолжително да ги отпишат камататите и да дозволат плаќање на долговите на рати се наведуваат Собранието, претседателот, Владата, министерствата, органите на државната управа, како и организациите и установите утврдени со закон. 

РАТИТЕ ЗАВИСАТ ОД ВИСИНАТА НА ДОЛГОТ

Ако должникот измирил дел од достасаната камата, долг или трошоци, нема право да бара поврат на исплатениот износ.

Доверителите ќе бидат должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон. Потоа за ова треба да ги известат извршителите, како и Управата за јавни приходи. 

Месечните рати со кои ќе се плаќаат долговите ќе зависат од висината на доспеаниот долг, како и трошоците, се вели во законот. Притоа, за долг до 5.000 евра, тој ќе може да се плаќа на рати од 12 месеци, а за долгови над 50.000 евра, пак, плаќањето ќе оди во период од пет години. 


ВИСИНА НА ДОЛГ И ТРОШОЦИ

  РОК НА ОТПЛАТА

До 300.000 денари

  12 месеци

Од 300.001 до 600.000 денари

  24 месеци

Од 600.001 до 1.000.000 денари

  36 месеци

Од 1.000.001 до 3.000.000 денари

   48 месеци

Над 3.000.001 денари

   60 месеци

За досепани и неплатени рати на репрограмираниот долг и трошоци, се пресметува законска казнена камата. Притоа, се наведува дека носителите на платен промет доброволно одлучуваат за намалување, односно откажување од трошоците за деблокирање на сметките на должниците чии долгови се отпишани.

Во законот се предвидува и дека глоба во износ од 2.500 евра ќе му се изрече на правното лице кое нема да изврши отпис на каматите и репрограмирање на долговите на јавните претпријатија. А со 500 евра ќе се казни и одговорното лице.

Во минатото повеќе пати им биле простувани долгови на јавни претпријатија, а експертската јавност реагираше дека на тој начин, покрај тоа што државата сака да им помогне, го покрива и недисциплиниранто и несовесно работење на нивните менаџерски тимови, а тие за тоа не сносат никаква одговорност.

А во исто време власта го турка и законот со кој и на граѓаните кои мака мачат со извршители, нотари и судски постапки, ќе им се отпишат каматите и ќе им се даде можност долговите да ги плаќаат на рати. 

Но, според голем број граѓански реакции, главната негова мана е што со него се предвидува дека само државните доверители ќе мора задолжително да ги отпишуваат каматите на граѓаните, додека кај доверителите во приватна сопственост, тоа ќе биде на доброволна основа. Тоа значи дека на приватните компании ќе им се остави сами да одлучат дали ќе ги отпишат или не каматите и дали ќе дозволат репрограмирање на долговите од граѓаните. „Се поставува прашање за кои всушност долгови ќе бидат ослободени граѓаните. Односно, со законот тие нема да бидат ослободени од натрупани долгови за струја, парно или телефон, бидејќи станува збор за приватни компании“, велат некои од граѓаните. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Зошто стагнира германската економија?

Зошто стагнира германската економија?

ГРЦИТЕ МИНИМАЛНО ГИ УПОТРЕБУВААТ: Црногорците ќе воведат казни за пластични кеси

ГРЦИТЕ МИНИМАЛНО ГИ УПОТРЕБУВААТ: Црногорците ќе воведат казни за пластични кеси

ПОСКАПО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, ПОЕВТИНО МЕСО: Поскапе животот во Македонија

ПОСКАПО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, ПОЕВТИНО МЕСО: Поскапе животот во Македонија

ПОШТА СЕ ПРАВДА ЗА ФРАПАНТНИТЕ 280 ВРАБОТУВАЊА - имале одлив на кадри

ПОШТА СЕ ПРАВДА ЗА ФРАПАНТНИТЕ 280 ВРАБОТУВАЊА - имале одлив на кадри

Прават милиони евра од трговија со отпад! Кои се тие?

Прават милиони евра од трговија со отпад! Кои се тие?

Владата на оглас бара директор на Агенцијата за странски инвестиции

Владата на оглас бара директор на Агенцијата за странски инвестиции

Дел од компаниите наплаќаат повеќе: Министерството за финансии досега не изрекло казни за „брзи кредити“

Дел од компаниите наплаќаат повеќе: Министерството за финансии досега не изрекло казни за „брзи кредити“

НЕПЛАЌАЧИ НА ДАНОК: Кој ја трупа листата на УЈП

НЕПЛАЌАЧИ НА ДАНОК: Кој ја трупа листата на УЈП

ПАРИ ЗА НАЈЗАГАДЕНИТЕ МЕСТА: Кои граѓани ќе имаат предност за инвертори

ПАРИ ЗА НАЈЗАГАДЕНИТЕ МЕСТА: Кои граѓани ќе имаат предност за инвертори