Владата ќе се задолжи, а веќе утре ја чека раздолжување
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2017
За околу 5,6 милиони евра, новата власт ќе се задолжи на домашниот пазар.
Оваа сума е идентична со онаа која достасува за враќање на стари долгови, веќе следниот ден, в среда.
Се работи за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со каматна стапка од 3,80%. Заемот треба да се врати до 2032 година. Oвој заем, всушност е предвиден во календарот на задолжувања на старата власт.
Нивото на јавниот долг заклучно со првиот квартал од годинава е 46% од бруто домашниот производ или 4,74 милијарди евра, што споредбено со крајот на минатата година претставува зголемување од над 28 милиони евра.