Владата ќе субвенционира плати за октомври, ноември и декември: Нови мерки вредни 350 милиони евра
Објавено во: Економија 26 Септември, 2020
Вкупно 350 милиони евра ќе вреди четвртиот пакет економски мерки со кои Владата ќе се обиде да им помогне на фирмите и на граѓаните кои се погодени од кризата. Од оваа сума, како што велат од Владата, 264 милиони евра ќе бидат од Буџетот на државата, а околу 85 милиони ќе се позајмат од поволни дополнителни кредитни линии.
Мерките вчера попладнето им беа презентирани на претставниците на стопанските комори. Предвидуваат поддршка на платите з апоследниот квартал однсоно за октомври, ноември и декември, потоа картички за некои категории граѓани - а веќе беше споменато дека е можно тоа да се пензионери и невработени. Се планираат и даночни олеснувања.
„Пакетот 4, кој треба да биде усвоен од Владата на седницата во недела, на 27 септември, опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал од годината, платежни картички за неколку категории граѓани, грантови за најпогодените сектори, широк спектар за ослободување или олеснување за повеќе давачки за компаниите, намалување на ДДВ во повеќе услужни и други дејности, како и други мерки, соопштија од Владата.
Инаку веќе беше најавено дека ќе има нов ребаланс на буџетот. Не е прецизирано кои се тие поволни кредитни линии и дали само толку пари ќе бидат позајмени до крајот на годинава.
А.Т.