18 Мај, 2024
0.1221

ВЛАДИКАТА ПЕТАР КРИТИКУВА: Некои наместо да сочувствуваат со страдалниците, се оддаваат на разврат и журки

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

За жал не извлековме и не извлекуваме поука од опасноста на смртоносниот вирус Ковид 19, вели Владиката Петар во своето Божиќното послание. Неговиот апел е да се запазуваат мерките за заштита, да се чува телото, но уште повеќе, да се зачува душата која е поскапоцена од телото. 

„Покажавме дека сме крајно несериозни и неодговорни, почнувајќи од најповиканите до последните. Жалосен е фактот дека, додека едни страдаат и се борат за опстој на телесниот и душевниот живот, а со нив страдаат и нивните најблиски, особено на оние околу 2.500 починати, а другите наместо да сочувствуваат, доколку не можат да сосрадуваат со страдалниците, се оддаваат на разврат, пијанство, дрога, журки, веселби поради изборни победи и понатаму обземени со мислите и чувствата, небаре вечниот живот е овде на земјата“, истакна во Божиќното послание Г. Петар Митрополит Преспанско - Пелагониски.

Во посланието зборува и реформите во образованието кои се планираат, за кои вели дека се става акцент на иднината, а истовремено се омаловажува минатото, историјата. 

„Исто така, се нуди како избор и јогата. Апсурд! Своевремено, се дигаа големи прашини и негодувања за веронауката, па потоа беше и укината. А сега, кога се воведува јогата, која всушност е една врста т.н. источна религија, поточно квази религија, медитација, во време кога немаме веронаука, се врши апсолутен терор и агресија врз мнозинството верен Православен и друг народ во нашата земја. И овој пат, никој не реагира за тоа!“, вели владиката Петар.

Токму затоа ја потенцира потребата веронауката да се воведе како задолжителен предмет во образованието од предшколска возраст до високото образование.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање