17 Јануари, 2025
0.0264

Владиката Тимотеј и ВМРО-ДПМНЕ во војна за земјиштето кај Свети Наум

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Владиката Тимотеј уште еднаш нагласи дека не се откажува и оти судски ќе се бори МПЦ да ја задржи сопственоста на земјиштето кај манастирскиот комплекс Свети Наум, што државата сака да го одземе за да гради туристички комплекси. „Земјата е на народот и на црквата, а сега власта, која не ни го дава и со која се тужиме, сака да ни го исплати. Не сакаме пари, туку си ја сакаме земјата. Толку години сме биле под отоманско ропство, па не ни го зеле Турците, а во времето на комунизмот иако ни беше експроприрано, не ни беше отуѓено“, рекол владиката Тимотеј за порталот „Плусинфо“. Со ова тој предизвика жестока реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Од она што знаеме во минатиот систем, ова земјиште беше национализирано и стана државно. На Црквата и беше одземено без никаква парична надокнада. Чудно, но во тие времиња не го чувме гласот на владиката Тимотеј, ниту пак го чувме во годините кога СДСМ беше на власт. Тогаш на владиката Тимотеј не му паѓаше на памет да го врати земјиштето на Црквата преку денационализација. Тогаш владиката немаше проблем“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата тврди дека сега се експроприра сосема мал дел од земјиштето - само 18 хектари од вкупно 2.770 хектари земјиште од комплексот „Свети Наум Охридски“, кои со денационализација и се вратија во сопственост на Дебарско-кичевската епархија со која раководи владиката Тимотеј. „Ова значи дека државата ќе откупува по пазарна цена, а таа пазарна цена и се плаќа на црквата. Со тие пари црквата може каде сака да купи земјиште и да си го чува, затоа што цената на откуп е по пазарните цени. Ние веруваме дека владиката Тимотеј сака развој на туризмот во Охрид, сака нови инвестиции и отворање на нови работни места, како и повеќе странски туристи кои ќе придонесат во локалниот и поширокиот економски развој и особено ќе помогнат на посиромашните преку зголемен промет од туристи, особено во Охрид“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владиката Тимотеј ја оспорува експропријацијата на земјиштето на суд, но судот се очекува да го отвори случајот по летната ферија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби