Власта може да има мнозинство по изборите во Турција
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2015 10:53
Турската владејачка Партија на правдата и развојот ја зголеми поддршката за шест поени пред предвремените избори во недела, покажува новата анкета објавена во четвртокот, што би била доволно за да се формира еднопартиско мнозинство.
Според анкетата на социолошката агенција „Еј енд Џи рисрч“ АКП може да освои 47.2% од гласовите, што би стигнало за составување на еднопартиска влада со мнозинство.
Овој процент е доста повеќе од податоците на другите студии во последно време, кои генерално покажуваат дека АКП благо ја зголемува поддршката, но сепак не може да освои доволно гласови за да формира влада.
На изборите во јуни АКП освои 40.8% од гласовите, и не ја постигна целта за составување на влада.
Истражувањето на „Еј енд Џи рисрч“ спроведена на 24-25 октомври помеѓу 4 536 лица, покажува дека левоцентристичката Републиканска народна партија (ЦХП) може да освои 25,3% од гласовите, Партијата за националистичка акција (МХП) - 13,5%, а прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) - 12.2%.
Според друго истражување спроведено од центарот „Метро пол“, владејачката партија најверојатно нема да може да обезбеди мнозинство - тие предвидуваат дека ќе освои 43.3% од гласовите.
Анкетата покажува дека ЦХП може да добие 25.9%, МХП - 14,8%, а ДПН - 13.4%.
Откако не успеа да направи коалициска влада, премиерот Ахмет Давутоглу формира службена влада по изборите во текот на летото. Во исто време 30-годишниот конфликт со курдските бунтовници повторно се разгори во јули, а по двата бомбашки напади, за кои се обвинува „Исламска држава“ загинаа 102 лица.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




