18 Мај, 2024
0.0386

ВМРО-ДПМНЕ: Aрсовска треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од скопската градоначалничка Данела Арсовска, и велат дека е неспособна.

Од партијата велат дека додека градоначалничката  се договара со себе си кој е виновен, еднаш Владата, друг пат УО, ЈСП пропаѓа.

„Вчера за Арсовска беше виновна владата, а денес е виновен Управниот одбор на ЈСП кој што наводно го упропастил претпријатието. А Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот. Сигурни сме дека не е виновна самата Арсовска, ниту пак оној несреќен директор чиј глас не го слушнавме на советот.  Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека е добро  што градот конечно ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата распределба на средства за плати во ЈСП.

Вработените на ЈСП го прекинаа штрајкот откако беше најдено решение за нивните плати, откако утринава за првпат скопјани останаа без јавен превоз. 

Арсовска, кажа дека таа завршила со процедурата за да обезбеди пари за вработените во ЈСП. Смета дека протестот е јавен линч на неа бидејќи таа не е од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ. Протестот го смета и за срамен бидејќи граѓаните останале без градски превоз.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада