ВМРО-ДПМНЕ бара јавно објавување на налогот за патувањето на Димовски во Охрид
Објавено во: Македонија 15 Август, 2018
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа МВР да го објави работниот налог за патувањето со службено возило на шефот на алфите, Примислав Димовски во Охрид.
Велат дека тој за тоа морал да има дозвола од началникот на СВР Скопје.
„МВР ТУРС продолжува да вози во летните денови. Продолжуваат скандалите на МВР со злоупотреба на службените возила. МВР ТУРС по турите до Солун, сега организира и бесплатни тури со службени возила до Охрид. По злоупотребата на службено возило за приватни потреби на сега поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски, медиумите објавија дека службено возило во текот на минатата недела користел и Командантот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски“- истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
Повикуваат МВР јавно да го објави налогот кој тврдат дека го имал Димовски.
Ако тоа не се случи, бараат оставка од Димовски и да не се злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели.