19 Мај, 2024
0.0447

ВМРО-ДПМНЕ бара законско намалување на казните за службена злоупотреба?

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Како што тврдат за ДВ извори упатени во преговорите, ВМРО-ДПМНЕ од актуелното владеачко мнозинство ќе бара одредени измени во Кривичниот законик. 

Најголемата опозициска партија наводно барала промена и редефинирање на кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и намалување на висината на предвидените санкции, со што би се скратил и рокот во кој застаруваат делата извршени по тој основ.

„Амнестијата за учесниците во настаните од 27-ми април е 'нафрлена' само како параван за амнестијата што всушност се бара исклучиво за високи партиски функционери на партијата, кои се опфатени со предметите на СЈО или ОЈО. Со такви измени во Кривичниот законик, обвиненијата за голем дел од нив веќе би станале застарени или би го стакнале тој статус многу брзо во следниот период. На таков начин, би се обезбедила тивка, индиректна амнестија, без многу 'врева'“, објаснуваат изворите на ДВ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја напушти вчерашната лидерска средба пo еден час, со барање да се одржи нова лидерска средба, во најтесен состав на главната лидерска четворка, што беше прифатено за денес на пладне.

„Што е тоа што Мицкоски не сакаше да го каже пред сите политички лидери, а е подготвен да го каже на лидерска средба во помал состав?“, изјави по средбата премиерот Зоран Заев, кој потврди дека денеска ќе има уште една средба со Мицкоски во скратен состав.




Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“