ВМРО-ДПМНЕ достави листи во ДИК - Груевски е носител во четворката
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016 23:05
ВМРО-ДПМНЕ ги достави листите за пратеници во Државната изборна комисија.
Носители на листи се во првата изборна единица Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, во третата Илија Димовски, во четвртата Никола Груевски, во петтата Антонио Милошоски и во шестата Владимир Ѓорчев.
„Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се’ што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија“ - напиша Груевски на Фејсбук.
Рокот за поднесување на листите истекува на полноќ. ДИК има рок од 48 часа од доставувањето да ги разгледа и потврди листите.
Ако се констатираат неправилности, ќе им укажат на подносителите, кои ќе треба да ги отстранат тие неправилности во период од 48 часа.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




