ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Објавено во: Економија 30 Март, 2025 11:40
ВМРО-ДПМНЕ овие денови го нападна и лидерот на синдикатот на администрацијата УПОЗ, Трпе Деаноски, откако овој поддржа протест на 2 април организиран од страна на Сојузот на синдикати на Македонија.
Од УПОЗ и ССМ реагираа дека Владата еднострано ја усвоила информацијата за законското зголемување на минималната плата, додека овие две синдикални организации се залагаат за многу поголема минимална плата за работникот.
За ВМРО-ДПМНЕ, како пшто нагласуваат во денешното соопштение за јавноста, Деаноски и лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, се луѓе на опозициската СДСМ.
„Доказ за тоа дека се лажни синдикалци и воопшто не им е грижа за работниците е тоа што според информациите кои ги имаме, Трпе Деановски од УПОЗ, зема 4 пати поголема плата од минималната плата, односно 104.000 денари.
Истиот тој Трпе Деановски, ги лаже работниците во очи, додека тој се луксузира на нивен трошок, а притоа за 2024 година и првите 2 месеца од 2025 година, тој има добиено 1.800.000 денари плата и додатоци.
Додека ги лаже работниците за минималната плата и дека се бори за нив, тој има земено за само една година, 69 минимални плати, односно околу 30 илјади евра.
Синдикалецот на батерии, Деановски за една година земал пари колку што работниците кои демек тој ги застапува, не можат да земат ниту за 6 години.
Трпе Деановски работи по насока на Слободан Трендафилов, кој работи по насока на СДС. Тие се веќе прочитана приказна и нивното лицемерие не поминува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки
