07 Мај, 2024
0.0260

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Шеќеринска дека се лускузира за лешници, МО тврди набавката ја планирал Јолевски

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека во Министерството за одбрана има набавки на лешници и фрлање пари за вработување на партиските послушници, наместо подигнување на стандардот на вработените во одбраната и брзиот влез во НАТО како што ветуваа. 

Според нив, ова е катастрофалниот резултат од 100 дневното расипништво на Радмила Шеќеринска во Министерството за одбрана. 

„Но, Системот за јавни набавки открива уште едно недомаќинско работење на Шекеринска, кое само потврдува дека Шекеринска нема намера да го напушти луксузниот живот иако е на власт. Жедта за луксуз ја задоволува со државни пари. Штедењето и кратењето на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ веројатно само го промовира пред граѓаните, а во пракса по кабинетите на своите министри спроведува вистинско расипништво. СДСМ во текот на предизборниот период ветуваше дека парите на граѓаните нема да бидат трошени на непотребни набавки, но оти сега го гледаме токму спротивното. Од друга страна министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пратеник на опозицијата гласаше против модернизација на АРМ и поевтинување на цената на станови за припадниците на АРМ, а денес како министерка нарачува лешници и бадеми во износ од 5.000 евра“ - стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од Министерството за одбрана со соопштение одговараат дека цинично и гротескно е ВМРО ДПМНЕ, партијата чии функционери во МО без мерка ги трошеле службените картички, земале аванси во илјадници евра кои не ги враќале, го претвориле Министерството во мини банка и потпишувале милионски спорни договори, да реагира за годишна набавка на апетисани која добро знае дека ја потпишал претходниот министер од ВМРО -ДПМНЕ, Зоран Јолевски.

„Набавката на апетисани е планирана во Годишниот план за јавни набавки за 2017 година кој што е донесен од страна на поранешниот министер Јолевски на 20.1.2017 година. Со Годишниот план почетокот на постапката е предвиден да биде во месец јули. Се работи за сукцесивна годишна набавка за потребите на Домот на АРМ, воениот камп „Свети Наум“ во Охрид, одмаралиштето на МО во Дојран и за военото одморалиште „Шар“ на Попова Шапка, на барање на Секторот за услуги, туризам, одржување, возен парк и обезбедување со важност на договорот од 1 година. Се работи за угостителски објекти од отворен тип, што значи дека набавените апетисани се наменети за продажба. Приходите кои ќе се остварат на овој начин влегуваат во вкупните приходи од продадени стоки и услуги во буџетот на Министерството  за одбрана и на годишно ниво нивниот вкупен износ изнесува 20 милиони денари“ - информираат од МО. 

Инаку, сумата од 5 000 евра е еднаква на сумата на еден аванс даден на вториот човек до претходниот министер за одбрана, вработен во неговиот Кабинет, за службен пат од три дена. Тие пари не се вратени, стои во одговорот од МО. 

Министерството ги детектираше сите злоупотреби кои се вршеле за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, кога министерството било користено како мини банка за потребите на неколкумина високи функционери. Тие пари ќе мора да ги вратат, додаваат оттаму. 

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот