ВМРО-ДПМНЕ: Македонците не гласаа за спроведување на платформи од соседни држави
Објавено во: Македонија 25 Март, 2018
При носењето на законот беа прекршени голем број процедури и беше укинато основното право на пратениците да предложат, да дискутираат и да гласаат за своите амандмани, со што Законот за двојазичност е против уставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението до јавноста партијата тврди дека одлуката на претседателот да не го потпишува Законот за двојазичност е целосно исправна и државничка одлука во интерес на сите граѓани на Македонија.
„ Македонските гласачи не гласаа за спроведување на точки од платформи потпишани во соседни држави кои ќе придонесат кон нови поделби помеѓу граѓаните. Граѓаните во огромен број се спротивставуваат на ваквото законско решение. Законот ги надминува рамките на уставот. Заев уште еднаш ги излажа граѓаните кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов во која се обврза дека ќе биде гарант на уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат спротивни на уставот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.