20 Декември, 2025
0.0780

ВМРО-ДПМНЕ: Националните интереси се карта за коцкање на власта

Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 09:56

Добивај вести на Viber

Опоцизиската ВМРО-ДПМНЕ во уште едно соопштение ја предупредува власта за слабите економски резултати како и за загрозувањето на како што велат највисоките државни интереси. 

– На економски план државата колабира. Додека сите економии растат, БДП во Македонија стагнира. Платите не мрдаат, животот станува поскап, а стандардот паѓа. Расне само корупцијата и таа ги брка странските инвеститори да бараат подобра клима во соседството. Планот 3-6-9 е клинички мртов. Затоа СДСМ после едно соопштение сфатија дека ја утнале, па испратија корекција во која си дадоа нов рок. СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови. Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата. Нема нови 500 километри автопат, а не можат да ги завршат ни започнатите. Нема враќање ниту на 600.000 иселени од Македонија, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека неуспесите не се покриваат со соопштение дека се задоволни од реформите, кога граѓаните се посилно го чувствуваат назадувањето.

– Наместо подобрување на стандардот на граѓаните Заев и СДСМ ја одземаа и правната сигурност, а удрија и по џебот. Ја покачија акцизата на дизел горивото. Ако ова е реформа, кој е бенефитот за граѓаните од истата? Се фатија и за персоналниот данок, па сакаат да удрат и по џебовите на младите кои работат во ИТ секторот. Вака сигурно нема да ги задржат и да ги привлечат назад оние кои што си заминале. Единствен успех Заев има врз ставањето на судот под сопствена контрола и подредена положба со што го уништи неговиот углед и ја сруши доверба кај граѓаните. Преку судот се врши политички прогон, а патоказ за тоа се неоснованите обвиненија и притвори. Единствена цел имаат да ги заплашат сите кои што си ја сакаат државата и да го остават Заев да ги крши Уставот и законите.  Судовите не смеат да бидат понижувани, деградирани и уценувани, како што е сликата денес во целиот правосуден систем. Судот мора да се ослободи од притисокот и да суди врз основа на аргументи, заклучуваат во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име