ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Од прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ излегоа со првични резултати од изборите. Првичните информации оттаму во живо можеа да се следат на МТВ.
„Нема место каде професорката Гордана Силјановска Давкова не води пред Стево Пендаровски. Има дури населени места каде води со 5:1, како случајот во Драчево на десет проценти обработени ливчиња. Во Драчево 44 се за Давкова, 18 се за Пендаровски“ информираа од ВМРО-ДПМНЕ.