30 Април, 2024
0.0335

ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот протест: Бислимовски е активист на СДСМ, Орцев е бизнис-партнер на Заев

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Членовите на Регулаторната комисија за енергетика се инсталации и партиски активисти, гласи утринскиот коментар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот протест против поскапувањето на струјата.

За претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, велат дека е партиски активист на СДСМ, виден во партискиот штаб на владеачката партија, додека членот на одборот Панче Орцев, како што велат од таму, е бизнис-партнер на семејството на партискиот претседател и премиер, Зоран Заев.

„Марко Бислимоски е само фигура преку која говори Заев и неговиот бизнис интерес. Бислимоски не е независен, тој е активист на СДСМ. И за тоа постојат фотографии од кои се гледа како тој со поширокото раководство прославува во централниот штаб на СДСМ.

Бислимовски не е единствениот член на РКЕ од редовите на СДСМ. Заев во РКЕ ги згрижил буквално луѓето од најголема доверба, како Панче Орцев, поранешен пратеник од Струмица и бизнис партнер на Заеви.

Бислимоски и Орцев, кои се партиски луѓе на СДСМ не можат да бидат независни. Тие се истурени играчи на Заев, кои му служат на неговиот интерес.

Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна со која ја покачуваат цената на струјата и го осиромашуваат народот

Бислимоски и Орцев преку РКЕ ја поскапуваат струјата за да можат Заеви преку универзалниот снабдувач да испумпуваат десетици милиони евра преку тендери за обезбедување, кои ги добива една струмичка агенција за обезбедување“, гласи денешната реакција на најголемата опозициска партија.

Од таму потсетуваат дека на протестот се испорачани три барања кои очекуваат да бидат прифатени во најбрз можен рок.

„1. Враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, да се намали процентот. 2. Воведување на неделен викенд без данок на додадена вредност. Народот очекува 18% проценти помали цени преку викенд. 3. Професионализација на Регулаторната комисија за енергетика, со цел воспоставување на систем и фер цени на електричната енергија.

Народот бара власта да работи за него, а не против него. Народот бара власта да не се богати на негов грб.

Владата мафијата и криминалот кои се едно исто во Македонија мора да паднат“, додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени