26 Април, 2024
0.1693

ВМРО-ДПМНЕ поднесува закон за поголеми пензии

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој бараат да се врати старото законско решение што ќе овозможи кога било и колку било да се зголемуваат пензиите на пензионерите.

„Со овие законски измени што ги предлагаме ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери“, рекоа од пратеничката група на најголемата опозициска партија.

Од таму сметаат дека со законските измени на владеачкото мнозинство се вршело усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување.

-Со Предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон – изјави Слаѓана Митовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму ги повикаа колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон.

Премиерот Зоран Заев пред десетина дена во Штип во рамките на кампањата „На прав пат“ нагласи дека следната година пензионерите ќе добијат „огромно“ зголемување на пензиите, но дека тоа ќе биде на основа на еконосмкиот раст.

„Не се одлучивме да делиме по 500 денари пред избори - пред локални и претседателски, туку за стабилизирање на фондот и поврзување со раст на економија. Во 2020 ќе има огромно покачување на пензиите и тоа без да биде загрозена иднината на пензионерите“, рече премиерот.


Можеби ќе ве интересира

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“