Добивај вести на Viber
Коалициите на СДСМ траат само неколку часа сè додека тие самите не се демантираат, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Ова соопштение на политичкиот ривал следува веднаш откако СДСМ соопшти, по втор пат денеска, дека водат интензивни преговори со ДУИ, со која се согласни дека мора да се почитуваат трите клучни договори.
„СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат. СДСМ е пишманска партија или сега имаме т.н. пишманска СДСМ. СДСМ треба да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада. Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните. СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно“, наведено е во соопштението.