„Ја повикуваме Рената Дескоска да го отвори сопствениот мејл и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди. За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од мејлот во кој што се испратени амандманите. Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај. ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека мејлот е испратен, бара Дескоска да го отвори
Објавено во: Македонија 27 Март, 2019
ВМРО-ДПМНЕво јавноста објави дека мејлот со амандманите за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава судбината на СЈО, е испратен до министерката за правда Рената Дескоска.
Ваквата реакција на најголемата опозициска партија следува откако вчера во ТВ-дуелот на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски со премиерот Зоран Заев се водеше полемика дали ВМРО-ДПМНЕ ги испратил или не. Мицкоски му рече на Заев дека се испратени, да се прифатат и заеднички да се изгласаат, додека Заев му врати дека на паузата од дебатата се јавил кај Дескоска и дека му рекла дека не се испратени амандманите.
Претходно власта и опозицијата имаа два неуспешни обиди да изнајдат решение за иднината на СЈО, со тоа што едните сакаат тоа да остане независно тело, додека другите да биде директно контролирано од главното ЈО.