07 Мај, 2024
0.0268

ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАДРИТЕ НА СДСМ: Заев има тим за пораз

Објавено во: Македонија 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ оди на избори со стари и истрошени кадри од времето на транзицијата. 

Додаваат дека ова е тим за пораз на Зоран Заев во кој нема ниту еден свеж кадар. 

„Радмила Шекеринска е политичар од времето на транзицијата, присутна во политиката уште од 90 - тите. Шекеринска нема што ново да понуди. Шекеринска во политиката значи нови бомбона бизниси на штета на државата, десетина стана стекнати на сомнителен начин, тендери за набавка на возила два пати поскапи од реалната пазарна цена. Шекеринска е симбол на едно мрачно минато, кое граѓаните не сакаат да се врати. Никола Димитров е човекот кој со свиткана кичма ја кршеше кичмата на македонецот. Тој е син на Димитар Димитров, човекот кој што го колнеше оној кој ќе го смени името на државата, со клетвата да му се исуши раката, за на крај тој човек да биде неговиот син. Човек кој е на печалба во партиите. Мила Царовска е синоним за негрижа. Иако Царовска беше 3 години министер за труд и социјална политика стотици луѓе беа по улиците, просеа и не им беше решен статусот. Наместо грижа за граѓаните, таа се грижеше за тендерите на нејзиниот партнер. Згора на се над 10000 луѓе остави без надоместок за туѓа нега“, стои во реакцијата. 

Додаваат дека Оливер Спасовски не е ново лице. 

„Ќе беше вистински чудно доколку на листите не беше и Панчо Минов како и Зекир Рамчиловиќ со кој Заев ги донесе срамните уставни измени што уште еднаш докажа дека седи зад пазарењето и уценувањето пратеници. СДСМ создаде тим за пораз. СДСМ има екипа за во опозиција. Тим кој не носи назад, а не напред.Неколкумина кој одбраа како фриленсери да одработуваат за него, Заев ги прибра и неуспешните поранешни кадри на ВМРО ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата. 

Според нив, СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава