30 Април, 2024
0.0286

ВМРО-НП: Зградата во која вчера избувна пожар е купена за рекордни 24 милиони евра

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-НП, партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, која е дел од коалицијата „Можеме“, излезе со соопштение дека зградата во која вчера изгореа канцелариите на Државниот инспекторат за животна средина била купена од државата за 24 милиони евра од Комерцијална банка.

Од таму велат дека објектот во кој е сместен и Секретаријатот за европски пшрашања, кој сега го раководи Никола Димитров, и Македонската информативна агенција, најверојатно е најскапата недвижнина по метар квадратен купена во земјата.

„Во врска со вчерашниот пожар во поранешната зграда на Комерцијална банка, а од пред некоја година Владин објект, ВМРО-Народна партија ја потсетува македонската јавност дека купопродажбата на старата зграда на Комерцијална Банка од страна на Република Македонија беше направена на крајно нетранспарентен начин, без никаква правна процедура и најверојатно во четири очи помеѓу тогашниот премиер, господинот Никола Груевски и директорот на Комерцијална банка, господинот Хари Костов.

ВМРО-Народна партија потсетува дека купопродажната цена тогаш изнесуваше 24 милиони евра плус неколку милиони за реновирање со што се постигна можеби и рекордно највисоката цена за метар квадратен деловен простор во македонската купопродажна историја.

ВМРО-Народна партија тогаш можеби беше единствената политичка партија која реагираше на тој сомнителен купопродажен договор, а сега само се потврдува фактот дека тогашната Влада фрлила и уништила буџетски пари за да купи стар и дотраен објект по нерационална пазарна вредност кој за малку ќе завршеше и со несакани последици по животот на вработените“, велат од таму.

Според информациите од Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал во делот на зградата која се наоѓа во близина на Македонска Филхармонија во центарот на Скопје во самите простории на Инспекторатот, а како што изјави командантот Владимир Симоновски, нема повредени, освен еден пожарникар кој се пожалил дека вдишал чад заради што интервенирала екипа на Итната медицинска помош. Пожарникарот е во стабилна состојба. 

Симоновски вели дека најверојатно причината за пожарот е електричната инсталација, а избувнал во канцелариите на Инспекторатот, немало луѓе, бидејќи работното време почнува во 8.30 часот.


Можеби ќе ве интересира

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али