Добивај вести на Viber
Повеќето од пченката во Србија е загадена и содржи токсични материи, изјави денеска извршниот директор за контрола на квалитетот "SGS српски" Маринко Укропина.
Укропина за "Mađar So" изјави дека во нивната лабораторија е откриено присуство на афлатоксин во пченката, најканцерогени состојки, кои се наоѓаат во храната за луѓето но и во добиточната храна.
Според него, загадувањето на пченката е предизвикано од сушата и дека врз основа на примероците може да се заклучи дека само 32 отсто од посевите се безбедни за консумирање.
-Спроеведените тестирања досега укажуваат на концентрацијата на афлатоксин во износ поголем од дозволениот, затоа се повикува на брза интервенција на надлежните државни служби и сите субјекти во синџирот на производство, складирање, преработка и продажба на пченка - изјави Укропина.
Иако проблемот е идентификуван во подоцнежен период не е премногу доцна за да се направи сериозен план за заштита на здравјето на потрошувачите од пченка и житни производи, потенцира Маринко.
Директорот на "Српски SGS" додаде дека оваа година проблемот со афлатоксин претпоставува пандемија и е повеќе или помалку присутна во сите земји кои одгледуваат пченка, како што се Унгарија, Романија и Бугарија, но степенот на контаминација е на многу подобро ниво, бидејќи се преземени соодветни мерки во преджетвениот и во постжетвениот период.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: